Top Sport

Диего Коста одбива да тренира откако Атлетико го казни!

Ѕвездата на Атлетико Мадрид, Диего Коста во четвртокот одбил да тренира, откако добил информација дека клубот ќе го казни за вербалните испади по поразот од Барселона, објавија повеќе шпански весници како „АС“, „Ел паис“ и „Марка“.

Коста доби казна од осум меча во Ла лига од Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) поради вербалниот напад на судијата Хесус Хил Манзано кога доби црвен картон на 6 април, што значи дека нема да игра до крајот на сезоната.  Според шпанските весници, откако дознал дека и клубот планира да го казни финансиски поради ова, тој одбил да тренира во четвртокот.

Генералниот менаџер на „јорганџиите“, Клементе Вилјаверде го критикуваше Коста по поразот од Барселона, кој практично значеше предавање на титулата на Каталонците. Вилјаверде изјави дека овие постапки „сериозно му штетат на клубот“, но тренерот Диего Симеоне беше попопустлив.

„Коста е животно кое може да направи работи поради кои страдаме како ’Ноу камп’ кога ни беше потребен. Но, не ги осудувам фудбалерите поради еден инцидент, и има многу повеќе позитивни отколку негативни работи околу Диего“, изјави Симеоне.

Scroll to Top