Диего Коста влезе во остар напад на неговиот поранешен клуб Атлетико Мадрид, велејќи дека условите за тренинг во клубот се „ср.ње“, а академијата на клубот е „мртва“.
Коста играше за Атлетико од 2010 до 2014, по што се врати во клубот во 2018, пред на крајот на 2020 да го напушти клубот поради „приватни причини“. Тој ја освои титулата од Ла лига во првиот период во клубот и играше во финалето на ЛШ, а во вториот период беше дел од тимот кој стана шампион во Лига Европа.
„Атлетико Мадрид не се клуб на ниво да биде конкурентен во Европа. Тоа е лага. Атлетико Минеиро, во однос на структурата на тимот, квалитетот кој го дава на играчот е многу подобар. Во Атлетико не се на европско ниво. Соблекувалните и тренинг-центарот е ср.ње, а академијата на клубот е мртва“, вели Коста.
33-годишниот Шпанец со бразилско потекло постигна 83 гола во 216 настапи за Атлетико, а во моментов е слободен играч по заминувањето од Атлетико Минеиро.