Атлетико Марид ќе биде без Диего Коста до финишот на сезоната. Искусниот напаѓач мора да замине на операција.
Бразилецот со шпански пасош извесен период не тренира поради болките во пределот на вратот. Во консултација со лекарскиот тим решил проблемот да го реши со хируршки зафат.
Не е точно познато колку тој ќе биде отсутен од фудбалските терени. Можно е тој да се врати во февруари, а најлошите прогнози се дека тој повторно би бил во тимот во април.
Диего Коста никако да се врати во препознатливата форма откако од Челси се врати во Атлетико.
Сезонава има одиграно осум натпревари во Ла Лига на кои постигнал два гола.