Top Sport

„Марка“ на насловната му пресуди на Бејл

Герет Бејл се наоѓа под жестоки критики од шпанската јавност, особено од делот кој навива за Реал Мадрид. Провокацијата упатена кон клубот по пласманот на Велс на ЕУРО 2020 нема никогаш да му ја заборават и прашање е само кога Бејл ќе го напушти „Сантијаго Бернабеу“.

Герет Бејл пред целиот стадион и милиониски аудиториум славеше со знаме на Велс на кое пишуваше: „Велс. Голф. Мадрид“.

Тој алудира на изјавата на поранешниот фудбалер на Реал Предраг Мијатовиќ дека тоа бил редоследот на приоритети во живото на Бејл.

Велшанецот не крие дека сака да го напушти Реал, а по оваа провокација сигурно е дека клубот ќе му го овозможи тоа.

Во кампањата за „бркање“ на Бејл од клубот се вклучи и „Марка“ влијателен медиуми наклонет кон Реал.

„Без почит. Погрешен. Неблагодарен.“, стои на насловната страница на „Марка“ во која се анализира однесувањето на Бејл.

Scroll to Top