Томас Дилејни е невообичаен фудбалер. Не само поради неговото американско презиме и тоа што игра за данската фудбалска репрезентација, туку поради тоа што стана првиот професионален фудбалер кој признал дека страда од далтонизам, односно не ги разликува црвената и зелената боја, што му претставува вистински предизвик на некои мечеви.
Фудбалерот од средниот ред на Борусија Дортмунд, го призна своето пореметување за време на Светското првенство во Русија 2018 година, кога се јави на социјалните мрежи откако еден навивач се пожали дека не може да ги разликува дресовите на Данска и Мексико.
„Тешко е да се опише. Како да гледате друга нијанса на иста боја. Обично играме со различни шорцеви, но на мечот со Мексико двете репрезентации носеа бели шорцеви и тоа ја компликуваше ситуацијата. Ги гледав соиграчите во лице, но понекогаш е тешко да го направите тоа бргу“, изјави тогаш Дилејни.
Дилејни сега е херој во Данска, откако постигна еден гол на мечот од четврт-финалето против Чешка (2:1), за што доби награда за играч на мечот.