Top Sport

Дилета ќе му „среди“ трансфер во Интер на своето момче Кариус?

Германскиот голман, Лорис Кариус, во неделата се врати на фудбалот по речиси двегодишна пауза кога беше на голот на Њукасл при 2:0 поразот од Манчестер јунајтед во финалето на Карабао купот, а сега поради неговата љубена, репортерката Дилета Леота може да добие шанса во Интер следната сезона, тврдат италијанските медиуми.

Кариус по двете скапи грешки во финалето на ЛШ во 2018 за Ливерпул, беше пратен на позајмица во Бешикташ и Унион Берлин, пред во септември 2022 да потпише едногодишен договор со Њукасл.

Според шпекулациите во Италија, Интер бараат втор голман на Андре Онана, бидејќи се очекува Самир Хандановиќ да се пензионира на крајот на сезоната, така што се отвара можност Кариус да биде поблиску до својата партнерка.

Scroll to Top