Top Sport

Ѕвездата на ПСЖ, Ашраф Хакими обвинет за силување!

Дефанзивецот на Пари Сен-Жермен, Мароканецот Ашраф Хакими е под истрага за наводен сексуален напад, тврди францускиот весник „Ле паризиен“.

Според нивните информации, во неделата една жена го пријавила Хакими за силување за инцидент кој се случил во неговиот дом во Булоњ квартот на Париз во саботата, додека сопругата и децата на Хакими биле на одмор во Дубаи. Обвинителството веќе го отворило случајот.

Хакими беше отсутен во последните два меча на Пари Сен-Жермен во Лига 1 поради повреда на бутниот мускул, но денеска присуствува на доделувањето на наградите на ФИФА.

Scroll to Top