Top Sport

Дилета Леота со писмо за момчето Кариус пред неговиот голем меч

Дилета Леота, популарната италијанска водителка и девојка на германскиот голман Лорис Кариус, му „прати“ емотивно писмо на партнерот пред финалето од Карабао купот, каде што Кариус ќе добие неочекувана шанса да стартува за Њукасл против Манчестер јунајтед.

Кариус, поранешниот голман на Ливерпул, кој останува најпознат по кошмарното финале од ЛШ против Реал Мадрид во 2018 година, ќе добие шанса да биде на голот на Њукасл откако првиот голман Ник Поуп е суспендиран поради црвен картон, а првата замена Мартин Дубравка е недостапен поради тоа што беше на позајмица токму во Манчестер јунајтед.

„Би сакала да ти го напишам ова писмо утре, или подоцна, кога ќе завршат овие болни и неверојатни две години, кога ќе почне мечот. Две години на тажни ноќи, со грутка во грлото и лоши мисли кои те спрчиа да играш, но не ти го одземаа сонот за зелениот фудбалски терен, сон кој го имаат милиони деца секој ден. Благодарност до твојот тим и силата која ја најде таму. Како што ти ме научи, животот е 10 отсто тоа што ти се случува и 90 отсто начинот на кој ќе реагираш. Понекогаш треба да направиш чекор назад за да имаш подобар залет. Никој не го заслужува ова повеќе од тебе“, напиша Леота.

Кариус нема одиграно официјален меч две години, по позајмиците во Бешикташ и Унион Берлин, пред да го направи трансферот во Њукасл.

Scroll to Top