Поранешниот напаѓач на Тотенхем и Манчестер јунајтед, Димитар Бербатов објави дека се повлекува од фудбалот, 18 месеци откако си замина од индискиот клуб Керала бластерс, ставајќи крај на 20-годишната кариера.
38-годишниот најдобар стрелец во историјата на Бугарија, во кариерата играше и за ЦСКА Софија, Баер Леверкузен, Фулам, Монако и ПАОК.
„Некој ми спомена дека морам да кажам нешто и бидејќи луѓето постојано ме прашуваат, посебно дома во Бугарија, морам да се простам со фудбалот. Мојот последен меч беше пред една година и сега морам да сопрам“, напиша Бербатов на Инстаграм.
Бербатов освои две титули од Премиер лигата со Манчестер јунајтед, и беше прогласуван за најдобар бугарски фудбалер од 2004 до 2010 година, најави дека ќе остане во фудбалот на некој начин.
Тој дебитираше за бугарската репрезентација во 1999 кога имаше само 18 години, и се повлече од националниот тим во 2010 со 48 гола во 79 меча.