Македонскиот тренер Димитар Капинковски стартуваше интернационална кариера. Тој седна на клупата на грузискиот прволигаш Самтредиа.
Тоа е клуб со голема традиција во грузискиот фудбал.
Капинковски ќе има мисија да го извлече тимот кон средината на табелата, со оглед дека Самтредиа по девет кола има само една победа и едно реми, наспроти седум порази и се наоѓа на последното место.