Поранешниот младински репрезентативец Димитар Митровски го напушта македонскиот шампионат и се сели во Хрватска. Фудбалерот на Академија Пандев прави трансфер во хрватскиот клуб Вараждин.
Димитар Митровски со Вараждин ќе потпише договор до 2025 година.
Митровски оваа сезона одигра 14 натпревари за Академија Пандев и постигна три гола и беше еден од подобрите во тимот што заврши на десеттата позиција на табелата.
По една сезона меѓу „пандевци“, Митровски ќе се обиде да стартува нова интернационална кариера. Тој претходно беше на проба во Партизан и во Варта, но не успеа да потпише договор.
Митровски во минатото беше член на младинскиот тим на Спортинг Лисабон.