Top Sport

Димитревски не бранеше за Рајо – Бетис со играч помалку освои бод на „Ваљекас“

Рајо Ваљекано и Бетис одиграа 1:1, во првиот меч од неделната програма, во Примера. Македонскиот репрезентативец, Столе Димитиревски, не беше во протоколот за овој натпревар. Голот на Рајо го бранеше Лука Зидан.

Бетис, освои бод на „Ваљекас“ и покрај тоа што еден час играше со фудбалер помалку. Алекс Морено, поради невнимателен старт врз Иси Паизон, во 33.минута доби црвен картон.

И со играч помалку Бетис први постигнаа гол. В втората минута од надополнувањето на времето во првото полувреме, Каналес го совлада Зидан.

Рајо Ваљекано, тргнаа во целосна офанзива во второто полувреме. Успеаја да израмнат во 70.минута со голот на десниот бек, Балиу.

Во финишот на натпреварот, голманот Руис Силва со неколку интервенции не дозволи Бетис да бидат поразени.

Scroll to Top