Top Sport

Драгиќ се врати во АБА лигата

Зоран Драгиќ се врати во АБА лигата. До крајот на сезоната, искусниот кошаркар, ќе го носи дресот на Цедевита Олимпија.

Драгиќ стана слободен играч, откако му заврши договорот со Жалгирис. Во Евролигата тој одигра девет натпревари, во просек бележеше по 3,9 поени.

Постариот брат на НБА ѕвездата, Горан Драгиќ, во кариерата играл за Басконија, Улм, Трст, Ефес, Армани, Химки, Мајами Хит, Финикс Санс, Уникаха, Крка, Слован и Илирија.

Драгиќ со репрезентацијата на Словенија во 2017 година го освои златниот медал на Европското првенство.

Scroll to Top