Top Sport

Димитриевски демантира дека е пред трансфер во Барселона

Голманот на Рајо Ваљекано и фудбалската репрезентација на македонија, Столе Димитиревски, негира дека добил понуда од Барселона да се пресели на „Ноу Камп“. Неколку шпански медиуми, изминатите денови, ја пренесоа информацијата дека Барселона е во преговори со Рајо Ваљекано околу трансферот на македонскиот репрезентативец.

„Ваквите информации ме прават среќен. Тоа што некој покажува интерес за мене, значи дека добро си ја вршам работата. Јас сум концентрирам на моите секојдневни обврски, тука сум за да му помогнам на мојот тим. Немам никаква информација за евентуален трансфер во Барселона, а и не сакам да знам, бидејќи тоа може да ми влијае врз секојдневната работа. Јас сум мирен и сериозен човек. Денес се зборува за Барселона, утре можеби ќе се зборува за Атлетико Мадрид, поради тоа морам да бидам концентриран на Рајо. Морам да тренирам добро, да играм добро“, изјавил Столе се „pasionporelrayo.com“.

Доколку навистина постои интересот на Барселона за Димитиревски, Каталонците претходно мора да ја решат иднината на Бразилецот Нето, кој е вотр голман и замената на Марк-Андре тер Штеген.

Бразилецот, од минатото лето, сака да замине од Барселона. Неговиот евентуален трансфер би го овозможил трансферот на Димитриевски во еден од најголемите светски клубови.

Scroll to Top