Реал Мадрид го победи Рајо Ваљекано со 2:1, во последниот натпревар од саботната програма во Примера. Реал со овој триумф се искачи на првото место на табелата, со два бода повеќе од Реал Сисиедад. Екипата од Баскија, утре го игра својот меч од 13.коло. Рајо Ваљекано останаа на шестото место.
Интересен натпревар, одиграа ривалите од Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“. Реал постигна два гола во првиот дел. Во 14. и 38.минута, Столе Димитриевски го совладаа Тони Крос и Карим Бензема.
Неизвесност во натпреварот внесе ветеранот Радамел Фалкао. Колумбиецот погоди во 77.минута. До крајот, Реал на моменти панично се бранеше, Крос во 92.минута од гол линијата интервенираше по ударот на Позо.