Македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски вечерва со тимот на Рајо Валјекано ќе има големо искушение во шпанското првенство. На „Валјекас“ ќе гостува шпанскиот првак Атлетико Мадрид, и тоа само неколку дена откако во Лигата на шампионите го совлада Манчестер Јунајтед.
Столе Димитриевски вели дека е максимално подготвен за дуел со елитните напаѓачи Луис Суарез и Антоан Гризман.
„Воопшто не ме плашат Жоао Феликс и Антоан Гризман, напротив, тоа ме мотивира да бидам на врвно ниво и ја сочувам мрежата. Тие се одлични фудбалери, напаѓачи од врвна класа и секако дека е посебен мотив да се играат вакви дуели. Но, уште подобро ќе биде чувството да се останете несовладан и на својот тим да му донесете барем бод“, вели Столе Димитриевски.