Тимот на Столе Димитриевски, Рајо Ваљекано ремизираше (2:2) на гости против Џирона во првиот меч по паузата во Ла Лига. Гостите двапати имаа водство, со головите на Камело и на Палазон, а Џирона израмнуваше од пенал.
Прво Кастелјанос, а потоа и Саиз го совладаа Столе Димитриевски од белата точка за конечно реми на овој дуел.