Top Sport

Му посветија пиво на Лука Дончиќ

Ѕвездата на Далас, Лука Дончиќ, изјави дека му треба пиво за закрепнување по неговиот историски трипл-дабл во НБА, а словенечка пиварница веднаш одговори со создавање на специјално пиво во чест на кошаркарот, пренесува „Ројтерс“.

Дончиќ имаше 60 поени, 21 скок и 10 асистенции во победата на Далас над Њујорк од 125:121, а по натпреварот извика: „Многу сум уморен. Ми треба пиво за да се опоравам“.

Словенечката пиварница „Лашко“ без да губи време, се фати за работа.

„За секој уморен Лука на кој му треба пиво за да се опорави, ние направивме пиво“, објави компанијата во средата заедно со фотографија од пивото, кое го нарече „Recovery Beer Edition“.

Scroll to Top