Top Sport

Динамо извлече реми на „Пољуд“ со гол од пенал

Хајдук не успеа да се доближи до актуелниот хрватски шампион и лидерот на табелата, Динамо Загреб, откако на „Пољуд“ одиграа само 1:1, резултат кој ги оставаа на 8 поени од лутите ривали по само 13 одиграни кола.

На меч во кој навивачката група „Торцида“ го славеше својот 72. роденден, атмосферата беше бурна, со повеќе прекини поради чадот на теренот по „бакљадата“ на навивачите, но и церемонијата на палење на „украдени“ транспаренти и знамиња на ривалски клубови. „Билите“ се понадеваа на победа кога Марко Ливаја во 27. минута ги донесе Хајдук во водство, а Динамо пропушти неколку добри шанси.

Сепак, Динамо успеа да стигне до гол во 72. минута, кога Бруно Петковиќ беше сигурен од белата точка.

Scroll to Top