Top Sport

Динамо Киев, Ференцварош и Олимпијакос влегоа во ЛШ!

Украинскиот гигант Динамо Киев, унгарскиот Ференцварош и грчкиот шампион Олимпијакос обезбедија пласман во групната фаза на Лигата на шампионите по одигрувањето на бараж натпреварите.

Динамо Киев, предводен од „стариот лисец“, Мирчеа Луческу, со 3:0 го совлада белгискиот Гент за без мака да се врати во елитата, додека Ференцварош е првиот унгарски клуб по десет години во ЛШ, откако дома одигра 0:0 против норвешкиот Молде по драматичното 3:3 реми во Норвешка, и оди понатаму само поради правилото на повеќе постигнати голови на гости.

На Кипар, Омонија и Олимпијакос исто така одиграа 0:0, но грчкиот шампион имаше предност од 2:0 од првиот меч.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, БАРАЖ, 2.МЕЧ

Динамо Киев (Укр) – Гент (Бел) 3:0, прв меч 2:1, вкупно 5:1

Ференцварош (Унг) – Молде (Нор) 0:0, прв меч 3:3, вкупно 3:3, Ференцварош оди поради гол во гости

Омонија (Кип) – Олимпијакос (Грц) 0:0, прв меч 0:2, вкупно 0:2

Scroll to Top