Top Sport

Динамо Киев избрка фудбалер зошто татко му работел за Русите

Украинскиот клуб Динамо Киев донесе одлука да избрка фудбалер поради тоа што неговиот татко работел за руските структури. Станува збор за Артур Уваров (17), кој е син на Максим Уваров, заменик претседателот на сепаратистичка република Лугањск.

„Не одобруваме сталинистички методи во кои синот одговара за постапките на својот татко. Сепак, после добиените информации кои се проверени од нашата страна, ние како клуб му поставивме конкретно прашање на фудбалерот за активностите на неговиот татко. За тоа каква е неговата поврзаност со воените структури на сепаратистите, но не добивме конкретен одговор од фудбалерот. Ние сме огорчени од однесувањето на фудбалерот и затоа одлучивме да го раскинеме договорот со Уваров“, се вели во соопштението на Динамо Киев.

Динамо Киев почна со одигрување на пријателски натпревари низ Европа, откако фудбалското првенство беше прекинато со почетокот на воените дејствија во Украина.

Scroll to Top