Динамо Загреб го заддржа првото место и разликата пред Хајдук по дербито во 16. коло во Хрватската прва лига, откако на „Максимир“ одиграа 1:1.
Бруно Петковиќ ги донесе „модрите“ во водство по 12. минути игра, но гостите од Сплит успеаја да израмнат во судиското продолжение од пенал преку Мијо Цакташ. Динамо имаше повеќе од играта во второто полувреме, но не успеа да стигне до победнички гол.
Динамо се на првото место во лигата со 35 поени, четири повеќе од Хајдук, иако клубот од Загреб има натпревар помалку.