Top Sport

Динамо одбил 4,2 милиони евра за Адеми

Динамо Загреб ја одбил понудата што ја испратил Лил за македонскиот репрезентативец Аријан Адеми.

Весникот „Лекип“, објави дека Лил за капитенот на Динамо понудил сума од 4,2 милиони евра.

Динамо е подготвен да го продаде 27-годишниот фудбалер но чека подобра понуда, бидејќи меѓу заинтересираните екипи е и Бордо.

Адемо, во 2010 година од Шибеник се пресели во Динамо, а по историската победа над Арсенал (2:1) на 16.септември 2015 година падна на допинг тестот.

УЕФА тогаш му одреди драконска казна, односно му изрече четири годишна суспензија, која во март минатат година му ја намали на две години.Минатата есен Адеми се врати на фудбалските терени.

Македонскиот репрезентативец за Динамо има одиграно 190 натпревари.

Scroll to Top