Top Sport

Пронајдена мртва поранешна олимписка и светска шампионка

Поранешната олимписка шампионка во нордиски скијање, Вибеке Скофтеруд (39) била пронајдена мртва на островот Света Хелена на југот на Норвешка.

Нејзиното исчезнување било пријавено во ноќта помеѓу саботата и неделата. Подоцна било пронајдено нејзиното тело. Според првичните информации таа страдала на возејќи скутер на вода (џет-ски).

„Добивме тажна вест за смртта на нашата Вибеке. Беше неверојатно скијачка и прекрасна личност. Ќе ни недостига“, напишал претседателот на Скијачкиот сојуз на Норвешка, Ерик Росте.

Скофтеруд на Олимписките игри во Ванкувер, во 2010 година, освои златен медал како дел од норвешката штафета 4×5 километри. Во оваа иста дисциплина освоила златни медали на светските првенства во Оберсдорф во 2005 и Осло во 2011 година.

Scroll to Top