Top Sport

Динамо по здодевното реми со Хајдук ја освои хрватската титула на „Пољуд“

Динамо Загреб по 24. пат ја освојува титулата во Хрватска, иако тимот на Игор Бишќан одигра разочарувачко 0:0 дерби на „Пољуд“ во 32. коло на хрватската лига. На четири коал пред крајот, тимот го одбрани трофејот и освои шеста титула едноподруго, правејќи 12 поени предност пред Хајдук.

Со ова продолжува доминацијата на „модрите“ во хрватскиот фудбал, каде што последен пат Риека ги сопре за трофејот во 2017. Од таа година, Динамо исто така само двапати ја немаше освоено двојната титула во шампионатот.

Титулата оди кај двајца македонски репрезентативци – поранешниот капитен Аријан Адеми, кој си замина во Кина пред крајот на сезоанта, како и капитенот на репрезентацијата, Стефан Ристовски.

Scroll to Top