Top Sport

Голем скандал на тренерот на МЗТ: Влета во терен и тресна од земја противнички играч

Голем скандал направи тренерот на МЗТ Скопје, Драган Николиќ, на натпреварот против Кожуф, прв од четвртфиналната серија во плеј-офот. Во втората четвртина, тој буквално влета на теренот и го тресна од земја противничкиот кошаркар Гордон кој ја водеше топката. Инцидентот се случи на 5:50 минути до крајот на вториот период.

Се случи и поголема мешаница, а исклучен е и тренерот Николиќ, како и домашниот кошаркар Абу кој ја напушти клупата и влета исто така во терен.

По првото полувреме, Кожуф изненадувачки има водство против МЗТ Скопје Аеродром на гости во СЦ „Јане Сандански“ со 39:49.

Scroll to Top