Хрватскиот шампион, Динамо Загреб му оддаде посебна почит на својот капитен, македонскиот репрезентативец Аријан Адеми, кој со освоениот трофеј од ХНЛ оваа сезона стана најтрофејниот фудбалер во историјата на „модрите“.
Адеми има дури 17 трофеи со Динамо, и клубот му оддава почест со компилација на најубавите голови на капитенот.