Top Sport

Динамо Загреб и вторпат поуспешен од Астана

Хрватскиот првак Динамо Загреб се пласира во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите откако и вторпат ја победи Астана. „Модрите“ славеа со 0:2 на денешниот реванш во Казахстан.

Динамо Загреб првиот натпревар го доби убедливо, со 4:0, а квалитетот го потврди и на вториот дуел.

Махир Емрели во 24.минута обезбеди предност за хрватскиот тим, а триумфот го потврди Антонио Марин во 89.минута.

Стефан Ристовски го одигра целиот натпревар за Динамо Загреб на стоперската позиција.

Во следното коло од квалификациите за ЛШ, Динамо Загреб ќе игра против АЕК Атина, а досега обезбеди најмалку групна фаза во Конференциската лига.

Scroll to Top