Во седиштето на УЕФА во Нион беше одредена ждрепката за плеј-офот за влез во Лигата на шампионите, по која хрватскиот шампион Динамо Загреб и српскиот шампион Црвена звезда можат реално да се надеваат за пласман во европската елита.
Динамо ако го помине унгарскиот Ференцварош ќе игра со подобриот од дуелот помеѓу словенечкиот Марибор и норвешкиот Розенборг, додека Црвена звезда ако биде подобра од Копенхаген ќе игра со швајцарскиот шампион Јанг бојс.
Од друга страна најтешка ждрепка е на турскиот вице-шампион Башакшехир, кој ако го мине Олимпијакос ќе игра со подобриот од дуелот помеѓу Краснодар и Порто. Минатогодишниот полуфиналист од ЛШ, Ајакс, ако го мине грчкиот шампион ПАОК ќе игра со подобриот од дуелот меѓу АПОЕЛ и Карабаг.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ, БАРАЖ
ПАТЕКА НА ШАМПИОНИ
АПОЕЛ/Карабаг – ПАОК/Ајакс
Јанг Бојс – Црвена звезда/Копенхаген
ЦФР Клуж/Селтик – Славија Прага
Динамо Загреб/Ференцварош – Марибор/Розенборг
ЛИГАШКА ПАТЕКА
Башакшехир/Олимпијакос – Краснодар/Порто
Базел/ЛАСК Линц – Бриж/Динамо Киев