Хрватскиот првак Динамо Загреб обезбеди убедлива предност против Астана откако на „Максимир“ славеше со 4:0 и се наоѓа на добар пат да мине во следната рунда од квалификациите во Лигата на шампионите. Стефан Ристовски беше стартер, а Лука Иванушец постигна хет-трик за „модрите“. Во листата на стрелците се запиша и Дарио Шпикиќ.
Жалгирис, литванскиот тим кој ја елиминираше Струга ТЛ, го изненади фаворитот Галатасарај играјќи 2:2. Ојевуси го отвори резултатот во 48.минута, а потоа турскиот гигант направи пресврт со головите на Бардакчи и Дервишоглу. Сепак, Жалгирис израмни во 92.минута со голот на Донатас Казлаускас.
Панатинаикос славеше на гости со 1:3 против Днипро, а Сервет и Генк одиграа 1:1. Хелсинки го победи Молде со 1:0.