Капитенот на Вотфорд, Трој Дини беше еден од стрелците при шокантната 2:0 победа на „Викариџ роуд“ над Манчестер јунајтед, но уште поголемо воодушевување предизвика со пред-божиќната изјава за притисокот да се биде професионален фудбалер.
„Бев во аут три месеци, така што не седев и не размислував многу за голови. Мислев само да се вратам фит, да им помогнам на момците и самодовербата секогаш е тука. За мене притисокот е да ја гледам мајка ми како оди на три работи за да има за Божиќ, ова е само фудбал. Ако погодам-погодам, ако не, секогаш има другпат“, изјави Дини по мечот.
Животната приказна на 32-годишниот Дини е проблематична. Кога имал само 10 години, Дини и неговата мајка биле нападнати од неговиот татко, кој бил дилер на дроги во Бирмингем. На 14 години е исфрлен од школо, пред во 2012 година, конечно, да го заврши средното школо.
Во јуни 2012 година, Дини доби десетмесечна затворска казна откако призна дека е виновен за напад на група на студенти пред еден ноќен клуб. Тој беше „фатен“ на ТВ-снимките како клоца еден од луѓето во глава. Тој излезе три месеци подоцна од затвор.
? Brilliant stuff again from @WatfordFC skipper Troy Deeney putting things into perspective this Christmas#WatfordFC #WATMUN pic.twitter.com/IIp7vG8FLE
— Sporting Life Football (@SportingLifeFC) December 22, 2019
Ни Погба не помогна! Последниот Вотфорд го „матираше“ Јунајтед (видео)