Поранешниот италијански фудбалер од средниот ред Дино Баџо призна дека стравува за спственото здравје поради „додатоците“ кои ги добивал како фудбалер по смртта на неговиот поранешен соиграч од Јувентус, Џанлука Вијали на 58 години од рак на панкреасот.
Баџо играше покрај Вијали во Јувентс од 1992 до 1994 година, и признава дека сите во таа фудбалска ера земале некаков тип на допинг.
„Треба да се вратат и да видат што земавме, супстанциите кои се користеа во тој период. Секогаш постоел допингот, но потребно е да се дознае кои додатоци што ги добивавме беа добри или лоши во текот на годините, дали успеваш да ги истераш од својот систем или остануваат во телото. Секако и јас сум исплашен. Премногу фудбалери се разболеа“, вели 51-годишниот Баџо за новинската агенција „АНСА“.
Смртта на Вијли дојде во моменти додека италијанскиот фудбал беше во тага по смртта на српскиот тренер Синиша Михајловиќ, кој во декември почина од леукемија.