Спортскиот директор на белгискиот гигант, Андерлехт, Михаел Фершурен признава дека сите во клубот жалат што се решиле да потпишат договор со поранешната француска ѕвезда, Самир Насри.
Ексфудбалерот на Арсенал и Манчестер сити дојде во Андерлехт откако половина од минатата сезона помина во Вест хем, но поради повред и слаба форма, белгискиот клуб зажалил за трансферот.
„Да имаме нова шанса, дали би потпишале со Насри? Со тоа што го знаеме сега, дефинитивно не“, вели Фершурен.
32-годишниот Насри дојде како слободен играч со големи најави и очекувања од клубот, но има само седум одиграно меча, од кои последниот му е во октомври.