Top Sport

Застрашувачки закани кон Озил: Ќе те убиеме и ќе ти ја силуваме мајката

Саламан Екинчи и Ферхат Ерџун, двајцата обвинети за насилно однесување кон фудбалерот на Арсенал, Месут Озил се заканиле дека ќе го убијат фудбалерот и ќе ја силуваат неговата мајка, откако трипати го посетиле домот на Германецот во август, сведочеше првиот човек на обезбедувањето на Озил, Кемил Сезер во Лондон.

„Тие пцуеја на турски, викаа ’ќе му ја е.еме мајката, ќе се вратиме за пет минути и ако си уште тука ќе те убиеме тебе и Месут Озил’. По третиот пат ја повикавме полицијата по полноќ“, сведочеше Сезер за ноќта на последниот инцидент на 8 август.

Озил, кој не е на судењето, има турско потекло. Неколку недели пред инцидентот во неговиот дом, Озил и неговиот колега од Арсенал, Бошњакот Сеад Колашинац беа нападнати од ограбувачи на мотоцикли во обид да ги грабнат нивните скапи часовници во неповрзан инцидент, за кој ограбувачите ја признаа вината.

Двајцата не играа неколку меча за Арсенал, а Озил најми обезбедување пред својот дом. Пресудата во случајот ќе се донесе на 21 април.

Двајца уапсени по мешаницата пред домот на Месут Озил

Scroll to Top