Top Sport

Директорот на Андерлехт се кае: Да знаевме каков е, немаше да го донесеме Насри

Спортскиот директор на белгискиот гигант, Андерлехт, Михаел Фершурен признава дека сите во клубот жалат што се решиле да потпишат договор со поранешната француска ѕвезда, Самир Насри.

Ексфудбалерот на Арсенал и Манчестер сити дојде во Андерлехт откако половина од минатата сезона помина во Вест хем, но поради повред и слаба форма, белгискиот клуб зажалил за трансферот.

„Да имаме нова шанса, дали би потпишале со Насри? Со тоа што го знаеме сега, дефинитивно не“, вели Фершурен.

32-годишниот Насри дојде како слободен играч со големи најави и очекувања од клубот, но има само седум одиграно меча, од кои последниот му е во октомври.

Компани го „прибра“ Самир Насри во Андерлехт

Scroll to Top