Top Sport

Карлсен пак подобар од Непомњашчиј, сега води со 5-3

Магнус Карлсен уште еднаш со бели фигури го победи Јан Непомњашчиј, за да го зголеми своето водство во мечот за Светската титула во шах на 5-3, и сега за одбрана на титулата му се потребни само уште два поени.

Норвежанецот оствари две победи во последните три дена, откако претходно постави рекорд од 19 последователни реми партии на СП, вклучувајќи ги и последните две партии против Сергеј Карјаник во 2016 и сите 12 против Фабијано Кауана во 2018 година.

„Очигледно со победа, се менува динамиката на партиите. Мислам дека немаше да ја победам оваа партија доколку не ја победев првата. Не мислам дека е лесно кога си црн да извлечеш реми. Ако не можеш да примораш реми, тогаш ќе имаш притисок. Мислам дека тој направи грешка со b5, но и двајцата сме уморни веќе“, изјави Карлсен победата.

Непомњашчиј призна дека направил грешка во 21. потег.

„По b5, не се бранев најдобро. Стана непријатно и искрено многу е тешко по таква грешка“, изјави Непомњашчиј.

Scroll to Top