Top Sport

Директорот на Звезда контра Видиќ: Суетата му е огромна

Звездан Терзиќ, генералниот директор на фудбалскиот клуб Црвена Звезда, го нападна легендарниот поранешен српски фудбалер Немања Видиќ, нарекувајќи го човек со „огромна суета“.

Терзиќ на прашање за тоа кој ќе биде наследник на местото српски селектор на Љубиша Тумбаковиќ, реши да одговори на необичен начин.

„Го споменав Видиќ, човекот со грандиозна кариера и дека е потребен на фудбалска Србија, но тој ми одговори на непримерен начин. Сега би се возддржал од коментар, бидејќи кај таквите суетата е огромна. Дури и да ги пофалам, нема да им биде убаво“, изјави Терзиќ.

Видиќ се огласи со остро соопштение за јавноста откако Србија не успеа да се квалификува на Европското првенство следната година по поразот во баражот на пенали од Шкотска, по што беше критикуван од повеќе личности во српскиот фудбал, посебно од поранешниот соиграч од репрезентацијата, а сегашен потпретседател на сојузот, Марко Пантелиќ.

Видиќ „удри“ по ФС на Србија: Засрамете се! Целиот систем работи за вас и менаџерите

Scroll to Top