Европската фудбалска унија (УЕФА), покрена дисциплинска постапка против Реал Мадрид, Барселона и Јувентус. Овие три клуба не се повлекоа од проектот Суперлига.
Реал, Барселона и Јувентус одбија да се откажат од овој проект, за разлика од останатите девет клубови.
Постапката е покрената поради потенцијалното кршење на правната рамка на УЕФА, покрената е дисциплинска постапка.
„По спроведената истрага, која ја спроведоа етичките и дисциплинските инспектори на УЕФА, во врска со проектот Суперлига, покрената е дисциплинска постапка против Јувентус, Барселона и Реал Мадрид, поради потенцијалното кршење на правната рамка на УЕФА“, се наведува во соопштението на УЕФА.
Од европската Куќа на фудбалот наведоа дека подетални информации ќе бидат дополнително објавени.