Одлуката на УЕФА да ја казни Црвена звезда со два европски натпревари без публика наиде на лута реакција на легендата на „црвено-белите“, Драган Џаиќ.
Српскиот шампион се жалеше на одлуката која е донесена за пропустите во организацијата за дуелот со литванскиот клуб Судува во второто коло од квалификациите за ЛШ. Звезда гостува на Спартак Трнава во реваншот од квалификациите за ЛШ по 1:1 во Белград – ако помине ќе игра во баражот со подобриот од дуелот Салцбург-Шкендија, а ако изгубат во квалификациите за Лига Европа.
„Се надевам дека казната ќе може да се преполови, бидејќи е многу строга. Не зборувам за намерата, но одлуката ми е несфатлива. Сите знаеме каква публика има Црвена звезда, па ние несме операта во Виена! Би требало да има повеќе разбирање“, вели Џаиќ во интервју за српскиот „Журнал“.