Top Sport

Џејдон Санчо очајнички сака да се врати во Дортмунд

Џејдон Санчо сака Манчестер јунајтед да му дозволат да се врати во Борусија Дортмунд на позајмица ова лето во обид да ја врати својата кариера на вистински пат, тврдат германските медиуми.

„Зидојче цајтунг“ тврди дека Санчо очајнички сака да се врати на „Сигнал Идуна парк“, каде што помина четири години и стана ѕвезда пред во 2021 година да се пресели на „Олд Трафорд“. Англискиот репрезентативец имаше 50 гола во 137 настапи за Дортмунд, а најдобра сезона му беше во 2019/20, во која постигна 17 гола и имаше 16 асистенции.

23-годишниот Санчо има само 19 настапи во Премиерлигата оваа сезона, од кои 16 како стартер, и иако имаше неколку добри мечеви, на крајот неговата сезона е разочарувачка. Неговиот договор со Јунајтед трае до 2026 година, со опција за продолжување за уште една сезона.

Scroll to Top