Фудбалерот на Стоук сити, ирскиот репрезентативец Џејмс Мекклин ќе може да очекува непријателски пречек кога ќе почне фудбалот во Англија, откако со уште еден пост на социјалните мрежи предизвика контроверзи.
На фотографијата на која носи маска како поранешните припадници на Ирската републиканска армија (ИРА) пред неговите две деца, тој напиша: „Денешната лекција“.
30-годишниот Мекклин претходно беше во центарот на контроверзите во Англија поради одбивањето да носи „афионов цвет“ во знак на жртвите од Првата и Втората светска војна.
„Да се работеше само за жртвите од светските војни ќе го носев без проблем секој ден. Но, тој симбол е на сите војни во кои Велика Британија учествуваше. Поради историјата и поради тоа што доаѓам од Дери, не можам да носам нешто такво“, се правдаше Мекклин.
Ирски доброволци служеа во Првата светска војна за Обединетото Кралство, но по крајот на глобалниот конфликт, почна ирската војна за осамостојување, која заврши во 1920 година. Мекклин е роден во Дери, Северна Ирска, каде што во јануари 1972 година, британската војска уби 26 цивили во тек на протестен меч, во неславниот чин кој се нарече „Крвава сабота“.