Top Sport

Џејмс Милнер има договор со Брајтон

Џејмс Милнер по осум години го напушта Ливерпул и на лето како слободен играч се сели во Брајтон, ја потврди Фабрицио Романо веста која со денови кружи во англискиот фудбал во форма на гласини.
Поранешниот англиски репрезентативец ја прифати понудата на хитот на сезоната во Премиер лигата и ќе потпише едногодишен договор.
.
Милнер ја започна својата кариера во Лидс Јунајтед, кој мораше да го продаде на Њукасл за мала сума во 2004 година поради финансискиот колапс, а потоа играше за Астон Вила и пет години за Манчестер Сити пред да се пресели на „Енфилд“.

37. годишниот играч од средниот ред одигра 621 натпревар во Премиер лигата и постигна 57 гола со 89 асистенции. За англиската репрезентација настапи 61 пат и постигна еден гол.

Сезонава одигра 39 натпревари за Ливерпул во сите натпреварувања, но речиси секогаш влегуваше како резерва, поради што подобар статус реши да побара во Брајтон најпријатното изненадување сезонава, клуб кој е на шестото место на табелата во Премиер лигата.

Милнер е второто потврдено засилување на Брајтон за следната сезона, по бразилскиот напаѓач Жоао Педро од Вотфорд.

Scroll to Top