Top Sport

Расел: Ферстапен беше патетичен, како бебе кое остана без цуцлата

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел го нарече двократниот светски шампион на Ред бул, Макс Ферстапен „патетичен“ по нивниот конфликт на Азербјџанското ГП минатиот викенд.

Во спринтерската трка минатата сабота, двајцата се судрија во инцидент за кој Ферстапен сметаше дека има само еден виновник и го нарече својот ривал „к.роглав“. Подоцна во интервју за холандските медиуми тој го нарече Расел „Принцеза Џорџ“, а сега пред Мајами ГП овој викенд, Британецот го спореди Холанѓанецот со бебе.

„Тоа беше малку патетеично. Понекогаш како дете треба да научиш дека ако дадеш нешто, треба да и го примиш тоа. Тој имаше доста такви потези во минтото и беше цврст и опасеен во возењето. Навистина е лошо да се види како ја плукна цуцлата кога првпат доби назад ист потег. Од моја страна нема што друго да кажам. Тркањето беше добро, возбудливо и тоа е единствено што се случи тој викенд, останатото беше здодевно. Двајцата сме возачи, долго сме во спортот и имамеискуство. Одиме понатаму. Можеби ќе се смееме еден ден“, вели Расел за „Скај спортс“.

Scroll to Top