Top Sport

Џејмс откри што му кажал Солскјер пред емотивниот прв гол за Јунајтед

Даниел Џејмс ќе ја памети неделата цел живот, откако своето деби во Премиер лигата го круниса со гол против Челси, кој веднаш го посвети на својот татко, кој почина неколку недели пред Велшанецот да го оствари сонот и да потпише за Манчестер јунајтед.

Џејмс влезе во игра во второто полувреме и по убавата асистенција на Пол Погба го совлада Кепа Аризабалага, по што славеше сам покрај корнер знаменцето.

„Не мислам дека можам да најдам зборови како се чувствувам, да влезеш и да дадеш гол на првиот меч. Сонував за ваков почеток. Оле ми кажа да бидам подготвен да влезам и да уживам на теренот. Напорната работа пред сезоната продолжи со пресинг и со освојување на топката. Го држевме мечот добро и сега едвај чекам да дојде следната недела“, вели Џејмс.

Многумина се сомневаа колку шанси ќе добива Џејмс оваа сезона поради тоа што има само 21 година, но Солскјер и пред мечот изјави дека очекува тој да има големо влијание на Јунајтед.

„Ден е подготвен. Тој се вклопи во тимот веднаш, како фудбалер на теренот и како човек во соблекувалната. Пресреќен сум што работам со него“, изјави Солскјер.

Челси ја почувствува моќта на „црвените ѓаволи“ на своја кожа (видео)

Scroll to Top