Top Sport

Навивачите на ПСЖ се свртеа против Нејмар: Ти си кучкин син (видео)

Иако тој не беше на теренот, Нејмар беше „главниот“ на првиот меч од новата сезона на Пари Сен-Жермен против Ним во неделата, откако дел од навивачите јасно му порачаа што мислат за него по новите шпекулации околу трансферот во Барселона.

Две години откако пристигна во француската престолнина, токму од клубот од Каталонија, Нејмар не успеа да ги добие навивачите на ПСЖ, а новите шпекулации дека сега има реални шанси тој да се врати на „Ноу Камп“ во договор кој ги вклучува и Филипе Кутињо и Нелсон Семедо, навивачите го кажаа своето.

Извици „кучкин син“ постојано се слушаа на „Паркот на принцовите“, а навивачите исто така преку банери му порачаа на Нејмар да си оди.

Тухел по мечот призна дека е во незавидна положба.

„Немам вести за неговата иднина. Сега е со нас и беше одлучувачки за нас. Ако замине ќе биде тешко да се најде фудбалер кој би можел да ги направи истите работи. Можеби тоа што нема вести е добра вест за нас. Тешко е да се знае“, призна Тухел.

Scroll to Top