Top Sport

Џеко го режираше пресвртот на Интер против Сасуоло

Фудбалерите на Интер, со пресврт, славеа на гостувањето кај Сасуоло. Со триумфот 2.1, Интер, барем до утре, ќе биде лидер на табелата во Серија А.

Интер успеа да го преживее тешкото гостување кај Сасуоло. Домашниот тим не отстапи од својот стил на игра, го нападна фаворитот и по првото полувреме имаше предност од 1:0. Голот го постигна Доменико Берарди од пенал во 21.минута.

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, во 57.минута замени четворица фудбалери. Еден од оние кои влегоа на теренот беше Един Џеко. Токму Босанецот го креираше пресвртот.

Во првиот допир со топката, го прифати додавањето од Перишиќ и поентираше за 1:1. Интер до победата дојде со голот на Лаутаро Мартинез во 78.минута. Аргентинецот постигна гол од пенал.

Четири минути подоцна Џеко постигна гол, кој беше поништен поради офсајд.

Scroll to Top