Рома стигна до на крајот лесна 4:1 победа на гостувањето кај Фиорентина, зголемувајќи ја мизеријата на клубот од Фиренца, кој останува само на 14. место со само четири поени од зоната за испаѓање.
Откако прво се возеа заедно со воз на мечот (линкот подолу), инспиратори на победата беа Бошњакот Един Џеко и Србинот Александар Коларов. Џеко во 19. минута го отвори резултатот, пред Коларов со „бомба“ да зголеми на 2:0 само две минути подоцна.
Хрватот Милан Бадељ им врати надеж на навивачите на „Артемио Франки“ кога намали на 1:2 во 34. минута, но Лоренцо Пелегрини по асистенција на Џеко во 73. минута од мечот зголеми на 1:3, пред младиот Николо Заниоло да ја запечати судбината на тимот на Винченцо Монтела во 88. минута од мечот.
Рома останува четврта во Серија А со 35 поени, еден помалку од градскиот ривал Лацио на третото место (кои имаат и меч помалку), но дури шест пред петтопласираниот тим на Каљари.
Си биле Бошњак, Србин и Хрват… И се возеле во воз кон Фиренца