Top Sport

Џеко има едноставно решение за расизмот

Напаѓачот на Рома, Един Џеко има едноставен план во две точки за борба против расизмот во италијанскиот фудбал – поголема заштита од италијанската федерација и забрана за влегување на стадионите.

Во текот на изминатиот викенд повторно имаше неколку скандалозни случки – еден ТВ-коментатор изјави дека Ромелу Лукаку може да биде сопрен само со банани, додека Верона не сакаше да ги осуди „мајмунските“ извици кон Френк Кеси од Милан.

„Расизмот е поголем проблем тука отколку во Англија на пример. Во Италија како тоа да е нормално и федерацијата мора да ги заштити фудбалерите. Тоа е единствениот начин. Кога играв во Англија се забележуваше дека ситуацијата е поправена. Таму има многу ретко расизам и се надевам дека ќе го следиме тој план. Ако некој прави ’мајмунски’ извици не го пуштајте на стадион. Нека не може да дојде, бидејќи такви навивачи не ни се потребни“, вели Џеко.

Ни крив, ни должен, Лукаку на мета на расист

Scroll to Top