Top Sport

Џеко ќе го носи целиот тим на Интер на вечера за прослава на својот 100. гол во Серија А

Един Џеко, откако ги предводеше Интер до 2:1 победа на гости кај Сасуоло, постигнувајќи го својот 100. и 101. гол во Серија А, откри дека ќе го носи целиот тим на вечера, бидејќи такво нешто мора да се прослави.

Тој стана третиот најстар фудбалер во историјата со ваков успех, по нашиот Горан Пандев и Серџо Пелисиер.

„Можеа да бидат 103, но за жал последните два гола ми ги поништија поради офсајд. Се сеќавам на мојот прв гол за Рома против Јувентус, и на сите до овие денеска. Најважното нешто е да ја помине линијата. Сега ќе го поканам целиот тим на вечера, бидејќи не се постигнува 100-тиот гол секој ден“, вели Џеко.

Џеко како Пандев и Пелисиер, Интер ја прекина лошата серија

Scroll to Top