Италијанскиот калчолигаш Интер ќе ја обнови соработката со босанскиот интернационалец Един Џеко. Иако имаше најави дека тој можеби ќе замине од „Џузепе Меаца“, сепак, преговорите со раководството за нов договор одат во добра насока.
Се очекува Џеко да потпише нов едногодишен договор, со оглед дека актуелниот му истекува на крајот од сезоната.
Оваа сезона Един Џеко постигна 11 гола за Интер во сите натпреварувања.